Showing posts with label култура на силување. Show all posts
Showing posts with label култура на силување. Show all posts

Saturday, May 17, 2014

За Кончита

Повеќе од една недела по фамозната победа на Кончита Вурст, низ Интернетот, особено на друштвените мрежи, се' уште не стивнуваат реакциите по однос на нејзиниот изглед и сексуалност.

Искрено, не планирав да пишувам ништо на темата, но со оглед на тоа што бескрајните натегања и изнесени ставови по коментари на фб и твитови често се повторуваат до бескрај, решив тука да чкртнам неколку мои размисли во врска со скандализираноста на голем дел од само-прогласените „прогресивни нехомофоби/ки“.



Во голема мера се согласувам со ставот на Горан Милетиќ, дека она што е проблематично кај Кончита, не е тоа што е транссексуалка, туку брадата што ја прави нејзината транссексуалност не само видлива туку и впечатлива. Без брада, Кончита би ја отелотворувала совршената трансформација и претопување на маж во жена, со сите нишани на традиционална, општествено пожелна женственост - долга коса, вита става, убавата кожа, средени нокти, совршена шминка. Но како шлаг на тортата, таа се решава на цел тој ултра-женствен изглед  да му спротивстави една крајно нетипична, тотално незамислива, апсолутно неодобрена - брада! - на тој начин свесно пркосејќи му на сеприсутниот „машкиот поглед“ кој спречува, осудува и дисциплинира и кој е навикнат луѓето, особено жените, да му се умилкуваат, да се плашат од него, да се казнуват и измачуваат само за да не ги фати „на заб“. Со тоа Кончита јасно кажува дека не само што е жена, туку е и жена на која што не и' е гајле што ќе мислат другите за нејзиниот изглед, а тоа, и покрај толку години борба за  рамноправност на половите, е се' уште непростливо.

Кончита самостојно го конструира својот род и изглед редефинирајќи го поимот за она што треба да биде една „вистинска жена“, избирајќи навидум противречни облежја, што јавноста го доживува шокантно, дури и во време кога границите помеѓу родовите постепено се бришат. Имено, наместо да се срами од фактот што е транссексуалка, наместо да сака да го прикрие и да направи тоа да биде што е можно понезабележливо, таа гордо ја носи брадата како симбол на нејзината различност.

Токму поради тоа, многу луѓе што не се сметаат за хомофоби/ки се згадени од (самоконструираниот) изглед на Кончита и сметаат дека доколку јавно го изнесат тоа не повредуваат ничии права, исто како што секојдневно сметаме дека нема ништо лошо во тоа да се исмеваме со и срамуваме жени со влакна под мишки, небричени нозе, дебели газови, гнасни целулити, силиконски цицки, неприродни усни (последниве две се особено амбивалетни, затоа што се сметаат за општествено пожелни, а парадоксално, жените што подлегнуваат на притисокот и физички се менуваат за да станат „соодветни и пожелни“, повторно бидуваат исмевани). 

Пораката што јавноста сака да и' ја прати на Кончита е дека нема (скоро) ништо против нејзината одлука да биде транссексуалка, туку против нејзината одлука како ќе изгледа како (транс)жена и нејзиното категорично прифаќање и несрамење од својата различност.

За крај, само потсетување дека денес е Меѓународен ден против хомофобијата и трансфобијата, па по тој повод преиспитајте ги своите ставови кон различноста и личниот избор.



Monday, December 30, 2013

Твитер календар 2014


Бори се женски, неформалниот колектив за промоција на родова рамноправност во кој сум активна членка, оваа година ја поддржа иницијативата на Идеи за домот и фотографката Ивана Батев и стана дел од #твитеркалендар2014. Пораката можете да ја прочитате на самата фотографија, а ова е проширен коментар. 

Оваа слика е нашиот глас. 

Книгата лево е Резервен живот на македонската авторка Лидија Димковска
Илјадници жени низ светот секојдневно се убедуваат дека се предебели, прешироки, превлакнести, премногу темнокожи, дека не се доволно убави, доволно паметни, доволно добри. Илјадници жени низ светот секојдневно купуваат неброени козметички препарати и облека за да се разубават, да се затскријат, да ги прикријат „мааните“. 

Во очи на тоа ние ви велиме: „Ние ги сакаме нашите тела такви какви што се. Нашите нозе што не’ носат таму каде што сакаме, нашите раце што прават чуда, нашите гради што не’ полнат со восхит, нашите глави што градат кули и кршат ѕидови. Нашите тела не се предмети што ќе ги казнуваме и принудуваме да задоволат одредени општествени стандарди, нашите тела не служат за ничие туѓо задоволство освен за нашето, нашите тела се САМО НАШИ!“


Бори се женски ви посакува среќна Нова година!

Friday, November 1, 2013

Гостување во Пулс

Поради тоа што кога излезе емисијатва не успеав да ја постирам тука, а и поради тоа што дискусиите за родова дискриминација не треба да се водат само по повод 8 март, еве видео од моето гостување (заедно со Неда Коруновска) во Пулс на Ана Јовковска, од март, оваа година. 


Tuesday, January 15, 2013

Неколку факти

Во овој пост ќе се осврнам на една трагедија што го одбележа последниот месец од 2012. 23-годишна девојка од Њу Делхи, Индија била групно силувана и брутално претепана од банда од шест мажи. Освен што ја силувале, напаѓачите исто така и’ ја распарале вагината со метална шипка, при што и ги повредиле цревата. Потоа заедно со нејзиниот партнер, кој исто така бил претепан, била исфрлена од автобусот и оставена покрај патот да умре. Според изворите, голем дел од луѓето што ја виделе не се ни обиделе да и’ помогнат.


Кога стигнала во болница девојката имала само 5 проценти од цревата се’ уште внатре во телото. Откако неколку пати била во критична состојба девојката им подлегнала на повредите и починала 13 дена по силувањето.

Претходно, во март, слична приказна се случи поблиску до нас, во Миколаев, Украина, каде тинејџерката Оксана Макар исто така била групно силувана, давена со кабел и запалена, па оставена да гори (на тивко) зашто мислеле дека е мртва. Била хоспитализирана во критичина состојба со изгореници по 55 проценти од телото, и оштетени бели дробови. И биле ампутирани двете стапала и едната рака. По три недели подлегнала на повредите.

Тројца напаѓачи биле уапсени, но двајца од нив биле ослободени веќе наредниот ден, заради политичките врски на нивните родители (покасно под притисок на јавноста повторно биле уапсени). Девојката беше напаѓана како промискуитетна, а во одбрана на обвинетите (кои признаа), се нудеа аргументи дека девојкатата ги провоцирала со облеката и однесувањето.



И двата случаи предизвикаа бурни реакции и протести непосредно по нивното случување, но се прашувам дали навистина доведоа до некоја посериозна промена во свеста на луѓето ширум светот.

И нашата земја не ја одминаа вакви случувања, само што кај нас не ни добиваат некоја посериозна медиумска покриеност што би резултирала во зголемена свесност, камо ли протести.

девојче од Струга
напаѓање во близина на Александар Палас
уште едно малолетно девојче

Еве што беше актуелно деновиве на твитер:

Ja vikale HIV zatoa shto bila pozitivna
Ja vikale Aleksandra zatoa shto sekoj mozel da i go NAKOVa
Ja vikale poligon zatoa shto na nejze se ucele da vozat
Ja Vikale Magi zatoa shto bila gotova za 4ca za 5 min
Ja vikale Jugoslavija zatoa shto ja rasturile
Ja vikale Level 1 zatoa shto site ja pominale
Ja vikale Lazicka zatoa shto odela gratis so kafe
Ja vikale avtoshkola, oti site se uchele na nea
Ja vikale Tuborg zatoa shto lesno se otvarala
Ja vikale Kvasec zatoa shto sama se sirela
Ja vikale markica zatoa shto bila postena
Ja vikale Baterija zatoa shto sekoja den ja polnele
Ja vikale Joint zatoa shto site ja vrtele
Ja vikale Тодор Гечевски zatoa shto sekogash bila spremna za trojka
Ja vikale Dijabola oti site ja pukale
Ja Vikale loto oti na pola grad im gi ima fakjano topcinjata
Ja vikale niva zatoa shto ja orale
Ja vikale Lozje zatoa shto ja imale prskano
Ja vikale Kalbana zatoa shto site ja cukale
Ja vikale petarda zatoa shto site ja pukale
Ja vikale vrata zatoa shto site ja otvarale
Ja vikale skala zatoa shto site i se kacuvale
Ja vikale spalna oti site lezele na nea
Ja vikale Tuborg zatoa shto site ja otvarale za zabava
Ja vikale Zoki zatoa shto ja ebele samo faci
Ja vikale Daska zatoa shto site ja kovale
ja vikale Cik Kumanovo zatoa shto bila kvalitetna
Ja vikale Ruer deka site se povrzuvale na nea
Ja vikale Solja deka site i se mocale
Ja vikale Shajka poshto site ja kovale

Nikako ne ja vikale sama doagjala 

Проверете и сами: #јавикале.

Изолирани, една по една „досеткиве“ не звучат нешто посебно застрашувачки, но кога вака ќе се подредат по ред ја откриваат мизогинијата како карактеристика длабоко вкоренета во нашето патријархално општество. И да се разбереме, не се само мажи оние кои го пропагираат ваквиот став, туку целото општество што ги охрабрува и поддржува ваквите однесувања.  Погледнете само еден блок на ТВ реклами - секоја втора ја третира жената као предмет чија  основна пазарна вредност е сексуалноста и чиј главен успех е тоа за колку ќе успее да се продаде (колку и да звучи фразава излитено). Се испраќа порака дека секоја жена на некој начин посакува да биде силувана, потчинета, замолчена, угнетена. Јас сум љубител на пиво, но по оваа реклама на Златен даб, тој бренд веќе никогаш нема да се најде на моето мени. 

Ми изгледа како премолчено сите да го поддржуваме мизогинистичкиот став на културата и само тивко да си се молиме неговиот налет да ги одмине нашите блиски - ќерки, сестри, мајки. Многу често целиот систем е против жртвите на силување и се обидува да им наметне вина и чувство на срам, па многу силувања кај нас остануваат непријавени, особено оние во домашната средина, за кои има најмногу шанси да се повторат. Се прашувам колку случаи од овој тип биле премолчени и колку девојки биле обесхрабрени да преземат правни мерки. А и да иницирале правна акција, максималната казна за силување кај нас е „цели“ пет години. 

Затоа, обидете се да не бидете ноншалантни кон тие „некакви женски права“, обидете се да им помогнете на тие што се сомневате дека се злоупотребени, да ги заштитите тие што се потенцијални жртви, да ги освестите оние што мислат дека жените сами си го барале, да ги бојкотирате оние што ги третираат жените како предмет. И да, прегризете усна секојпат кога за да докажете нечија неспособност или несоодветност на некое поле, го напаѓате нејзиниот изглед или личен живот.


Благодарност до неколку девојки со кои дискутирав на оваа тема на фб и кои ме инспирираа да го напишам овој текст.