На 27ми јануари на Канал103, во терминот резервиран за Емисијата за дигитална слобода, Ива Галевска, Тамара Атанасоска и јас бевме поканети како гостинки да разговаме за кибер-феминизам, мизогинија на интернет, жени-хакери итн.
Поводот за тоа беше мојот претходен пост (преземен од страна на блогот на солидарност и порталот окно), во кој се осврнав на македонската твитер заедница, поконкретно на еден хаштаг како пример за место каде се генерира мизогинија која верувам понатаму може да заземе различни малигни форми на интернет и пошироко во општеството. Членовите на твитер заедницата тоа го сфатија лично, што резултираше со хаштаг #АнаВасилева (овој линк е до твитер бот што ги агрегираше сите твитови од хаштагот) во кој бев прозвана по име и презиме и напаѓана по секаква основа, се разбира најчесто сексуална, поради моите ставови. На тој начин не само што се даде додатен легитимитет на мојата теза, туку се покажа и дека општата свесност во врска со родовите прашањa е уште пониска отколку што мислев.
Ова е снимката од радио-емисијата, а деловите кога сме во етер се од: 3:53 - 23:30min; 33:30 - 45:50min; 56:00 - 1:21:21min; 1:26:40 - 1:41:50min.
подкаст сподели
Сакам од срце да се заблагодарам на сите ФЕМИНИСТИ/КИ што ме поддржаа и охрабрија кога бев напаѓана и што се дел од Бори се женски, или ги препознаваат нашите заложби кон позитивна промена во општеството. На девојките со кои заедно се бориме ќе им бидат посветени посебни постови:)
За крај би сакала да кажам дека стилот на овој блог ќе остане ист, и дека и понатаму ќе пишувам за теми како родителство, музика, феминизам, стил, се’ она што ќе ми фати око. Пристапот ќе биде од весел и несериозен до сосем критички во зависност од темата. Ако некој е заинтересиран за дискусија на тема на феминизам на повисоко ниво, нека прочепка по блогот на Jасна Kотеска - ќе најде различни текстови, а ако претпочитате визуелни медиуми, еве може да го консултирате и Жижек.
Се читаме другари/ки
хохо