Tuesday, January 15, 2013

Неколку факти

Во овој пост ќе се осврнам на една трагедија што го одбележа последниот месец од 2012. 23-годишна девојка од Њу Делхи, Индија била групно силувана и брутално претепана од банда од шест мажи. Освен што ја силувале, напаѓачите исто така и’ ја распарале вагината со метална шипка, при што и ги повредиле цревата. Потоа заедно со нејзиниот партнер, кој исто така бил претепан, била исфрлена од автобусот и оставена покрај патот да умре. Според изворите, голем дел од луѓето што ја виделе не се ни обиделе да и’ помогнат.


Кога стигнала во болница девојката имала само 5 проценти од цревата се’ уште внатре во телото. Откако неколку пати била во критична состојба девојката им подлегнала на повредите и починала 13 дена по силувањето.

Претходно, во март, слична приказна се случи поблиску до нас, во Миколаев, Украина, каде тинејџерката Оксана Макар исто така била групно силувана, давена со кабел и запалена, па оставена да гори (на тивко) зашто мислеле дека е мртва. Била хоспитализирана во критичина состојба со изгореници по 55 проценти од телото, и оштетени бели дробови. И биле ампутирани двете стапала и едната рака. По три недели подлегнала на повредите.

Тројца напаѓачи биле уапсени, но двајца од нив биле ослободени веќе наредниот ден, заради политичките врски на нивните родители (покасно под притисок на јавноста повторно биле уапсени). Девојката беше напаѓана како промискуитетна, а во одбрана на обвинетите (кои признаа), се нудеа аргументи дека девојкатата ги провоцирала со облеката и однесувањето.



И двата случаи предизвикаа бурни реакции и протести непосредно по нивното случување, но се прашувам дали навистина доведоа до некоја посериозна промена во свеста на луѓето ширум светот.

И нашата земја не ја одминаа вакви случувања, само што кај нас не ни добиваат некоја посериозна медиумска покриеност што би резултирала во зголемена свесност, камо ли протести.

девојче од Струга
напаѓање во близина на Александар Палас
уште едно малолетно девојче

Еве што беше актуелно деновиве на твитер:

Ja vikale HIV zatoa shto bila pozitivna
Ja vikale Aleksandra zatoa shto sekoj mozel da i go NAKOVa
Ja vikale poligon zatoa shto na nejze se ucele da vozat
Ja Vikale Magi zatoa shto bila gotova za 4ca za 5 min
Ja vikale Jugoslavija zatoa shto ja rasturile
Ja vikale Level 1 zatoa shto site ja pominale
Ja vikale Lazicka zatoa shto odela gratis so kafe
Ja vikale avtoshkola, oti site se uchele na nea
Ja vikale Tuborg zatoa shto lesno se otvarala
Ja vikale Kvasec zatoa shto sama se sirela
Ja vikale markica zatoa shto bila postena
Ja vikale Baterija zatoa shto sekoja den ja polnele
Ja vikale Joint zatoa shto site ja vrtele
Ja vikale Тодор Гечевски zatoa shto sekogash bila spremna za trojka
Ja vikale Dijabola oti site ja pukale
Ja Vikale loto oti na pola grad im gi ima fakjano topcinjata
Ja vikale niva zatoa shto ja orale
Ja vikale Lozje zatoa shto ja imale prskano
Ja vikale Kalbana zatoa shto site ja cukale
Ja vikale petarda zatoa shto site ja pukale
Ja vikale vrata zatoa shto site ja otvarale
Ja vikale skala zatoa shto site i se kacuvale
Ja vikale spalna oti site lezele na nea
Ja vikale Tuborg zatoa shto site ja otvarale za zabava
Ja vikale Zoki zatoa shto ja ebele samo faci
Ja vikale Daska zatoa shto site ja kovale
ja vikale Cik Kumanovo zatoa shto bila kvalitetna
Ja vikale Ruer deka site se povrzuvale na nea
Ja vikale Solja deka site i se mocale
Ja vikale Shajka poshto site ja kovale

Nikako ne ja vikale sama doagjala 

Проверете и сами: #јавикале.

Изолирани, една по една „досеткиве“ не звучат нешто посебно застрашувачки, но кога вака ќе се подредат по ред ја откриваат мизогинијата како карактеристика длабоко вкоренета во нашето патријархално општество. И да се разбереме, не се само мажи оние кои го пропагираат ваквиот став, туку целото општество што ги охрабрува и поддржува ваквите однесувања.  Погледнете само еден блок на ТВ реклами - секоја втора ја третира жената као предмет чија  основна пазарна вредност е сексуалноста и чиј главен успех е тоа за колку ќе успее да се продаде (колку и да звучи фразава излитено). Се испраќа порака дека секоја жена на некој начин посакува да биде силувана, потчинета, замолчена, угнетена. Јас сум љубител на пиво, но по оваа реклама на Златен даб, тој бренд веќе никогаш нема да се најде на моето мени. 

Ми изгледа како премолчено сите да го поддржуваме мизогинистичкиот став на културата и само тивко да си се молиме неговиот налет да ги одмине нашите блиски - ќерки, сестри, мајки. Многу често целиот систем е против жртвите на силување и се обидува да им наметне вина и чувство на срам, па многу силувања кај нас остануваат непријавени, особено оние во домашната средина, за кои има најмногу шанси да се повторат. Се прашувам колку случаи од овој тип биле премолчени и колку девојки биле обесхрабрени да преземат правни мерки. А и да иницирале правна акција, максималната казна за силување кај нас е „цели“ пет години. 

Затоа, обидете се да не бидете ноншалантни кон тие „некакви женски права“, обидете се да им помогнете на тие што се сомневате дека се злоупотребени, да ги заштитите тие што се потенцијални жртви, да ги освестите оние што мислат дека жените сами си го барале, да ги бојкотирате оние што ги третираат жените како предмет. И да, прегризете усна секојпат кога за да докажете нечија неспособност или несоодветност на некое поле, го напаѓате нејзиниот изглед или личен живот.


Благодарност до неколку девојки со кои дискутирав на оваа тема на фб и кои ме инспирираа да го напишам овој текст. 



7 comments:

  1. Еден момент упорно ми боде очи:

    „Потоа заедно со нејзиниот партнер, кој исто така бил претепан, била исфрлена од автобусот и оставена покрај патот да умре. Според изворите, голем дел од луѓето што ја виделе не се ни обиделе да и’ помогнат.“

    - Не се ни обиделе да ИМ помогнат. Пишано како погоре, можеби не го мислиш, но секако изгледа како од онаа страна на сексизмот и насилството, токму онаа против која се бориш и пишуваш. А доколку се бориш за заштита исклучиво и исклучиво на жената, не ја гледам разликата меѓу твојот феминизам и секојдневниот шовинизам. Инаку, фин текс. Не можам да речам дека се согласувам со се’, но генерално добар. „Твитосферата“ се запали околу хаштагот, но и онака одамна самата докажа дека таа заедница кај нас не е за ништо друго заинтересирана освен за вицови и дневни трачеви...

    ReplyDelete
    Replies
    1. каснам со одговорот, извини. цитирав извори и мислам дека заради тоа употребив еднина, а мислам и дека дечкото откако ги исфрлиле од автобусот веќе бил подвижен, ама можеби само така ми останало во сеќавање. освен тоа не би толку повреден. во секој случај забелешката си е на место.

      Delete
  2. Извини што ги користам коментарите за ова, но би сакал да ти предложам да го пријавиш блогот на blogirame.mk

    Ако треба нешто помош или било што може да пишеш на twitter @blogirame

    ReplyDelete
  3. http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=3C5D183F1B974244A952F6DF1AEB9228 eve vi nov slucaj od denes

    ReplyDelete
  4. http://bodytracks.org/2009/06/valie-export-aktionshosegenitalpanik-action-pants-genital-panic/ еден од моите омилени перформанси.

    ReplyDelete
  5. Kolku zeni se brutalno siluvani vo IRAK,BAGRAM afganistan od strana na krstonoscite - NATO...
    http://www.putvjernika.com/Muslimanka/nadia-zatvorenica-abu-graiba.html

    ReplyDelete
  6. Naučnica iz oblasti neurobiologije sa diplomom MIT-a
    To je zapad...
    http://www.putvjernika.com/Teror-monitor/zatvorenik-br-650.html

    ReplyDelete