Календарот е изработен на чисто волонтерска база и беше промовиран на 23ти декември во Кафе Ли каде што и се изложени принтови од фотографиите што можете да ги купите за 1000 МКД, а најважно од се’ средствата ќе се искористат за добротворни цели - за децата од социјално загрозени семејства преку Црвен крст. Понатаму календарот се донира на здружението за борба против ракот Борка за да го користи во свои промотивни цели.
Се надевам дека ќе се најдат време и средства да се испечати зашто верувајте ми, навистина е неверојатен. Всушност, нема зошто да ми верувате, трк на сајтот на борка и преземете си го, нека ви го краси десктопот од 1 јануари. Таман, со вакви убави фотографии годината со сигурност ќе ви тргне на добро.
фотографиите се на Владимир Тасевски и Димитар Петровски. Месец март и октомври (погоре) се мои лични фаворити.
фотографиите се на Владимир Тасевски и Димитар Петровски. Месец март и октомври (погоре) се мои лични фаворити.
No comments:
Post a Comment