Tuesday, June 17, 2014

Присуство на породување (дел 2 - Роберт Ристов)

По Миле Грујовски, вториот татко што се согласи да разговара со мене во врска со неговото (не)присуство на раѓањето на неговиот син, е Роберт Ристов, актер во Театар Комедија - Скопје. 
И покрај неговата целосна подготвеност и огромна желба постојано да биде покрај партнерката и детето во текот на процесот на породување и да им ја даде својата поддршка, тоа не му било дозволено поради политиката на „ајде брзо сечи папочна врска и сликај“ на ГАК при Државна болница.



1. Во нашево општество присуството на таткото за време на раѓањето на неговото дете се’ уште се смета за непосакувано и неприродно. Зошто и како ти се реши на овој чекор и каков беше ставот на партнерката?

Мојот став е сосема поинаков. За мене најприродно е од моментот на зачнувањето, па се' до раѓањето на детето, таткото да биде рамноправно вклучен во се што е поврзано со бременоста кај партерката, што подразбира: заеднички избор на гинеколог кој ќе ја прати бременоста, присуство на таткото на самите прегледи, заеднички одлуки за избор на лекар за 4Д ехо, и сите останати неопходни контроли и прегледи. 
Тоа подразбира заедничко радување на сите нови моменти поврзани со растењето на плодот/ембрионот, но и споделување на товарот од сите можни компликации, и барање на заедничко решение за истите. Сметам  дека татковците кои се држат понастрана од тој процес губат многу, зашто за мене родителствувањето започнува од моментот на зачнувањето.  

2. Како беше тоа прифатено од средината (твоите блиски) и од медицинскиот персонал?

Сите оние кои добро ме познаваат можеа да претпостават дека ќе бидам дел од скоро се' поврзано со бременоста на жена ми. Секако дека во одредени ситуации, не по моја желба (пред се' заради некакви професионални ангажман), се има случено да бидам отсутен во одредени ситуации, но потоа барав задолжителен брифинг за тоа што било и како било, и што е она што би требало да го знам. Секако дека и кај мојата партнерка ја имаше таа потреба да сподели се' со мене. Она на што во моментот се сеќавам дека го имам испуштено  е час за идни родители во државна.
Што  се однесува до мединцинскиот персонал, за повеќето од нив тоа беше сосема нормално, освен  во саатите пред и за време на породување, каде на сам почеток еден од лекарите ме праќаше во кафана, да мавнам пивце, зошто се уште беше рано за „ФОТОГРАФИРАЊЕТО НА БЕБЕТО И СЕЧЕЊЕТО НА ПАПОЧНАТА ВРВКА“, и дека породувањето ќе се случи во утринските часови.
Заминав дома на досредување на домот (не дека немаше кој, туку ќеиф ми беше јас со моја енергија да го досредам останатото) се вратив по околу 2 часа, и истиот доктор ме дочека со: „ГЛЕДАШ, ДЕКА СЕГА, ПОСЛЕ КАФАНЧЕТО, Е МНОГУ ПОЛЕСНО“...

3. Дали и колку сметаш дека твоето присуство беше корисно за твоето дете и партнерка и на кој(и) начин(и)?

Сметам дека споделувањето на моментите во една врска, во случајот - бракот, е многу важен момент... Истото ги зближува партнерите, и од истото се гледа дека мажот искрено се грижи за тоа низ што се' минува жената, во случајов - за време на тој породување. Во мојов случај, по целоноќното мерење на болничкиот ходник,  моето однапред најавено присуство за време на породување, не по моја желба, туку според правилникот на државна, беше сведено на: „ПОБРЗО ОБЛЕЧИ ГО МАНТИЛОТ ОТИ ЌЕ ИЗЛЕЗЕ БЕБЕТО“,  и на: „АЈДЕ,  СЕЧИ ЈА ПАПОЧНАТА! МОЖЕШ ДА ФОТОГРАФИРАШ, ПА ИЗЛЕГУВАЈ... НА МАЈКАТА И ДЕТЕТО ИМ ТРЕБА ОДМОР!“
Тоа што не ми дозволуваа да присуствувам  во просторијата за време на породувањето (освен последните две минути), и при секое приближување ме бркаа зад вратата од соседниот ходник, не ми олесни многу, зошто бев сведок на криците кои ги препознавав дека се од жена ми.
Фаќањето на делови  од дијалогот што се одвиваше внатре (во моментите кога се  прикрадував до вратата), само ми ствараше дополнителна конфузија заради немањето на јасната слика... Вистински бев исплашен за животот на жена ми, и за малото, а не бев во состојба да помогнам, ниту да направам нешто околу нејзиното мотивирање и поддршка, бидејќи ја познавав подобро од било кој присутен во породилната сала.
Како и да е, сепак верувам дека честите телефонски јавувања, пред самиот чин, загриженоста за тоа како ги поднесува породилните болки, свесноста дека сум на само неколку метри од породилната сала, загрижен за нејзе и за бебушот, дека тоа навистина и има значено.

4. Митот вели дека таткото (ако веќе е присутен на породувањето) го поднесува многу потешко и постресно од мајката, и дека медицинскиот персонал треба и нему да му посветува дополнително внимание. Каков беше твојот случај?

Секако дека во ходникот бев многу испаничен и загрижен, низ главата  ми се свртеа стравови од работи кои не би сакал никогаш никому да се случат. Кога влегов во салата за породување се обидов да го сокријам истото, и се надевам дека  успеав во тоа.  И не, не ја сечев папочната врвца, моето присуство во болницата не беше заради тоа... Најважното ми беше што и двајцата се живи и здрави.
Утредента следуваа мекици, сите беа видно возбудени и расположени, а јас со мислите бев во државна, како неделив дел од нив двајца... Многу ми фалеа... сето друго што се случуваше ми беше толку небитно.

5. Мислиш ли дека присуството на породување те направи поангажиран татко и поосетлив за потребите на партнерката и детето непосредно по породувањето?

Можеби делумно, бидејки бев сведок на сите тие компликации, таа неизвесност и ризик... Но, сметам дека ангажиран татко може да биде и оној кој не присуствувал на породувањето. Тоа е нешто што човек одвнатре го има или воопшто го нема освестено. За мене тоа повеќе е сврзано со карактерот на таткото.

6. Колку беше подготвен и вклучен во прилагодувањето на живот со новороденче дома, честите ноќни будења, подои, проблеми со доењето итн.

За многу од работите бев подготвен, а за некои за кои не бевме се прилагодувавме и заеднички баравме совети и решенија.

7. Дали претходно присуствуваше на некоја обука во врска со породувањето и ако да, колку ти беше корисна?


Да, присуствував на некои од часовите во Државна Болница и сметам дека се корисни, пред се околу собирања на дополнителни совети и информации.

8. Дали на новите татковци би им препорачал да присуство на породување (се разбира, доколку се подготвени за тоа).

Тоа е индивидуална работа. Што се однесува до мене, дај боже да имаме и второ, секако дека би бил присутен. Се надевам дека работите во државна веќе се променети на добро и дека ја  имаат сфатено вистинската потреба за присуство на таткото за време на породувањето и дека таа потреба повеќе не ја сведуваат на желба за фотографирање и сечење на папочната врвка.


Искрено му благодарам на Роберт што реши да ја сподели својата приказна тука, се надевам дека во скора иднина младите татковци и мајки како него ќе успеат да извршат доволно притисок врз институциите да им дадат на татковците реална можност да бидат партнери и да пружат вистинска поддршка за време на породувањето, и нема да дозволат да бидат сведени само на формални позери. 

3 comments:

  1. Imav moznost licno da go zapoznam Robert i ke kazam deka e prekrasen covek. Mimi (negovata sopruga) ja poznavam od koga odam na dve noze :) pozdrav do dvajcata vi posakuvam uste mnogu decinja. Ednostavno naj prekrasni ste.

    ReplyDelete
  2. Мојата приказна е веројатно типична, но најдов решение за решавање на мојата врска криза. Мојот сопруг падна во афера со друга жена на работа и ме остави.
    Јас ја добив програмата за каење на брак со духовен отец, ментор и исцелител. неколку дена по ручекот на правописот,
    Тој можеше да го врати мојот сопруг до мене, тоа беше изненадување за мене, дури не можам да објаснам како сето тоа се случи,
    тоа функционира како што ми вети.
    Мојот сопруг беше првобитната, но мојот сопруг Андерсон се враќаше дома за да се извини и побара од мојата прошка, денес сме посреќни од кога и да е порано, работите стануваат сè подобра, интересна и слатка.
    Не можев да го сторам тоа без помош на оваа Баба. Јас ќе се откажав и верував дека затоа што мојот сопруг се видел некој друг, тогаш рече дека сме готови. По лансирањето на Љубовта магија, мојот сопруг ме викаат на мобилен телефон и тој се врати дома еден ден потоа.
    Благодарен сум, му препорачувам на секој што има проблеми со бракот или врските за решавање на проблемот денес брзо да се консултира со овој духовен ритам за да се врати поранешната љубов, ве молиме нема потреба да се двоумете да испратите e-mail порака dr.oduduwaspellcaster@gmail.com
    Тел: +13019658857.
    Денес сите ваши грижи ќе бидат завршени. ова е моќна намера која толку многу верувам дека ќе му помогне на некој тука, бидејќи верувајте ми знам како се чувствува.
    * Љубов магии Win-Back екс љубовник
    * Успех и промоција магија магија
    * среќен шарм - БИЗНИС СТАР
    * одделенија - ЗАШТИТНА КУКА
    * проклетство резолуција
    * духовно чистење
    * магија на плодноста - ФРУТИ НА ЖЕНИТЕ
    * декрет за магија, SPELL LOTTERY & WIN-GAMES SPELL

    ReplyDelete