Овие денови освен Dean Martin и Nat King Cole без срам си ги слушам Wham! и Mariah Carey и си танцуваме по дома како збудалени. За филмови немам баш многу време, ама обожавам лимонади за ова време од годината (иако додека го пишувам ова на тв оди Носталгија на Тарковски), како Love Actually, Calendar Girls и The Namesake - ако не сте ги гледале, сега е право време.
Во споредба со годините без дете, последниве две години слушав многу помалку музика, па затоа ја позајмувам листата на господинот Слаѓан со по некоја измена по мој вкус. Значи:
1. Tindersticks - The Something Rain
2. Beach House - Bloom
3. Grizzly Bear - Shields
4. Jens Lekhman - I know what love isn't
5. The XX - Coexist
6. Twin Shadow - Confess
7. Dead Can Dance - Anastasis
8. Flying Lotus - Until the quiet comes / David Byrne & St. Vincent - Love This Giant
9. Frank Ocean - Channel Orange
10 dEUS - Following Sea
За волја на вистината, дома преовладуваше музика од овој тип (евровизиски турбо-анимиран-фолк)
ама зајчето е слатко до бесвест, а син ми кога се обидува да го гушне и погали на таблет е уште посладок.
Ве оставам со омилената песна од омилениот албум за оваа година заедно со текстот:
No comments:
Post a Comment